ВИДАЛ ОТКРИ АМБИЦИОЗНИ ПЛАНОВИ ЗА БАРСЕЛОНА

Денес Артуро Видал и официјално беше претставен како играч на Барселона, а чилеанскиот интернационалец си има поставено големи цели во кампот Ноу.

31-годишниот фудбалер им се приклучи на каталонските гиганти со договор вреден 21 милион евра, и се чини дека ге го надмине успехот што претходно постигна во Јувентус и во Баерн Минхен.

Со оглед на силата на тимот во кампот Ноу, тој има големи шанси да додаде уште еден трофеј во својата колекција, иако тоа несомнено ќе биде тешко, затоа што како што е секоја година првен треба да се борат за националната награда, а потоа и за клубското европско злато.

Сепак, Видал е навидум желен да се осигура дека тој ќе остави свој белег на Барса, бидејќи инсистираше дека сака да ја освои Лигата на шампиони година за година и тоа сите три гопдини од договорот, јасно давајќи приоритет на натпреварите од Ла Лига.

„Многу сум среќен ѝ се придружив на Барселона, најдобриот тим во светот, каде што играат само најдобрите. Доаѓам гладен титули, доаѓам полн со нова енергија и доаѓам за да го оставам срцето на теренот”, изјави Видал за Мундо Депортиво . „Се надевам дека ќе успеам да освојам три трофеи во Лигата на шампиони за трите години колкушто ќе бидам тука”.

Видал веројатно ќе ја пополни празнинате што ја остави Паулињо по заминувањето од тимот. Видал со својата издржливост и енергија совршено се вклопува со во средниот ред. Сега треба да му понуди на Ернесто Валверде добра рамнотежа во овој дел од теренот, а во комбинација со неговиот педигре и работна етика, чилеанскиот ас би можел да биде многу важно дополнение ова лето.

Времето ќе покаже, иако тој е способен да ги постигне целите што ги поставил и за себе и за клубот во следните неколку години.

Слични Објави