(ВИДЕО) АРСОВСКИ: МАКЕДОНИЈА НА ДНОТО ВО ЕВРОПА ПО РАСТОТ НА БРУТО ДОМАШНИОТ ПРОИЗВОД

Вести Истакнато Македонија

Црната економска тројка во криминалниот картел на власт, Заев-Анѓушев–Тевдовски ја турка Република Македонија во тотален економски хаос. Задолжувањето на државата стана секојдневна практика на оваа власт, а нема никакви резултати од тоа. Економијата бележи само раст на задолжувањето, а пад на проекциите на БДП, изјави на прес-конференција портпаролот на ВМРО-ДПМНЕ Димче Арсовски.

-Македонија поради неспособноста на оваа власт повторно ќе биде на дното во Европа по растот на БДП. Во услови кога сите земји од регионот, а да не зборуваме за Европа ќе бележат високи стапки на раст, ние ќе треба да се задоволиме со нешто над 1%. Од земјите во регионот годинава највисок раст ќе имаат Албанија, Србија и Косово 4%, Црна Гора 3,7%, Бугарија 3,6%, БиХ 3,2% и Хрватска 2,8%. Во Македонија може да сонуваме за овие цифри. Ни трага ни глас од 5% или 7% раст кои ги ветуваше Зоран Заев пред изборите. Тоа го потврди и ММФ со последниот извештај. Тоа очигледно е капацитетот на оваа власт. Секое ново задолжување само ја покажува неспособноста на оваа влада и ја уништува иднината на генерациите кои доаѓаат, потенцираше Арсовски.