(Видео) Балада за Гунди и Котков
На денешен ден се навршуваат 53 години од собраќајната несреќа во која своите животи ги губат легендарните бугарски фудбалери Георги Аспарухов и Никола Котков- легенди соодветно на фудбалските клубови Левски и Локомотив од Софија.
Во нивна чест, слушнете ја прекрасната „Балада за Гунди и Котков“ на македонскиот музичар, водач на оркестар, продуцент, композитор на новосоздадени фолклорни песни и аранжер на македонски народни песни Наско Џорлев (1932-2006).
