(Видео) Белобрадова: Бугарија на секој начин треба да и помогне на Украина
Бугарија треба да даде секаква помош на Украина. Помошта за Украина не треба да се дели на хуманитарна и воено техничка. Ова го изјави Елисавета Белобрадова, пратеник во бугарскиот Парламент во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна.
„За мене е апсолутно беспорно дека Бугарија треба да даде секаков вид на помош. Овде не станува збор за делење на помошта на хуманитарна и на воена, независно од фактот што многу медиуми и политички ликови се обидуваат да манипулираат со таа тема“, истакна Белобрадова.
„Најважното за нас е патриотската идеја за врховенството на суверенитетот на една држава, бидејќи тоа е нештото што секој еден човек во моментот кој што ќе го оцени и почне да го брани, тој веќе е патриот, независно од тоа како што тој самиот се нарекува.“
Според Белобрадова поддршката за Украина во борбата за одбрана на нејзиниот суверенитет по сите можни начини е пројава на бугарски патриотизам.
„Да ја поддржиме Украина во одбрана на нејзиниот суверенитет на секаков можен начин, во рамките на нејзината територија, за нејзината земја и за сето она што таа го има, како независна земја е пројава на патриотизам и тоа бугарски патриотизам. Ако ние ја негуваме истата филозофија за нашата земја ние не би требало да имаме проблем да ја пренесеме таа филизофија за секоја една земја што го штити својот суверенитет“, децидна е Белобрадова.
Според Белобрадова посетата на бугарската делегација во Украина предводена од премиерот Кирил Петков е успешна и конструктивна.
„Важно е тоа што средбата (Петков-Зеленски) се случи. Ние од Демократска Бугарија се радуваме што таа средба беше успешна и поради фактот што бевме дел од таа делегација. Исклучително важно е ние како граѓани на Република Бугарија да се поврземе физички со овој конфликт преку претставниците на извршната власт.“
Белобрадова обелодени дека во последните неколку недели се сретнала со многу жени бегалци од Украина кои се наоѓаат во Бугарија и подвлече дека нивните раскази за војната во Украина биле повеќе од чувствителни и дури не си дозволувала да ги коментира на социјалните мрежи и преку нив „емотивно да ја манипулира“ својата голема еудиторија.
„Овие средби се доживуваат многу тешко, да видиш жени кои буквално пред два месеци имале убав живот и во еден ден се им било срушено“, вели Белобрадова.