(Видео) „Бугарска историја“: Разговор со ветеранот од Втората светска војна мајор Тодор Андонов
Во најновото видео на поткастот „Бугарска историја“ мајор Тодор Андонов (1925 г.), ветеран од Втора светска војна и учесник во бoрбите кај Драва, зборува за своето детство во селото Трекљано, воената служба и тешките маршеви низ Југославија и Унгарија.
Тој споделува детали за секојдневието на инженерската чета во која припаѓал, за соборците, заробениците и моментите на човечност среде хаосот на војната. Во епизодата се прикажани неговите одликувања и дел од личниот архив како сведоштво за храброста и чувството за долг кон татковината.
По војната, Андонов раскажува како од пионер-јуришник станал научник и агроном, учествувајќи во мелиоративни проекти и во создавањето на зеленчуковиот појас околу Софија.
Епизодата носи пораки за храброст, скромност и вера, а завршната порака на гостинот повикува на човечност, љубов кон татковината и отфрлање на омразата.

