|

(Видео) Куќата на Кујумџиоглу – најголемата куќа од времето на Преродбата во Бугарија

Куќата на Кујумџиоглу е прва по големина од куќите од времето на Преродбата во Бугарија. Ова во интервју за БГНЕС го изјави Грозделина Георгиева, кустос во Регионалниот етнографски музеј – Пловдив.

Георгиева е раководител на фондот „Занаети“ и е одговорна за привремените изложби во РЕМ – Пловдив.

Со неа разговараме за најпознатата преродбенска куќа во Стариот Пловдив – таа на Аргир Кујумџиоглу, позната и како Кујумџиевата куќа.

Семејството Кујумџиоглу потекнува од Лозенград, денес во Турција, и уште во XVIII век се преселува во Пловдив, кој тогаш во турските регистри бил запишан како Филибето.

„Пловдив бил еден од најубавите градови во империјата. Не случајно сите патеписци пишуваат со восхит, за тоа како овој град уште на влезот ги пречекува со неочекуваните убавини што ќе ги сретнат овде“, вели Грозделина Георгиева.



Слични Објави