(ВИДЕО)БУГАРСКИОТ РЕЖИСЕР ТЕДИ МОСКОВ ГИ ПОВИКА БОРИСОВ И РАДЕВ ДА ПРЕМЕРАТ СИЛИ ВО БРАТСКА МАКЕДОНИЈА

Познатиот бугарски театарски режисер Теди Москов ги повика премиерот Борисов и неговиот политички ривал претседателот Румен Радев да премерат сили и да видат кој е појак во братска Македонија.

„Тие двајца мажишта што се тепаат да отидат на неутрален терен и да се разберат како мажи во братска Македонија. Да се степаат како претседател и премиер, и двајцата се јаки, едниот крши цигли, другиот прави стомачни вежби. Тој што ќе се врати тој ќе владее со нас.“, изјави Москов во емисија на бугарската телевизија БТВ.