ВИДЕО: Да беше девојчето Бугарка, Латас ќе „дробеше“ 45 мин во дневникот на Сител
Замислете ја следната ситуација српската убавица што отишла да протестира кај нашиот јужен сосед за да ги брани неговите интереси во однос на името на нашата земја, да беше Бугарка. Миленко ќе направеше емисија. Љубчо Златев ќе отпукаше некој наслов од типот „Нов напад на бугарските фашисти“. Натето Ивчева ќе ги повикаше руските специјалци да ја „расчекнат“ проклетата Татарка, а Латас… Латас ќе дробеше 45 мин во дневникот на Сител како Бугарите во таен договор со Албанците и Грците сакат да ја уништат Македонија. Договорот таен, ама ете срцкава од видеото дознала и се испуштила во јавност.
А сега сериозно. Ова видео со ова никому непозната „ватрена“ поддржувачка на грчката политика кон Македонија и не е нешто важно. Сите писмени луѓе во Македонија знаат дека нашиот северен и нашиот јужен сосед си имаат заеднички интереси, во кои Македонија е само тло за нивната сонувана „заедничка“ граница. На Македонија се гледа како „Вардарска“… Вардарска Бановина ви текнува? И пред 100-тина години, и после Јајце, и сега и во век и векови… Е да, ама се заебале и тие од југ и тие од север.
Автор: Батко Тане