(Видео) Денеска се одбележува денот на бугарскиот главен град Софија

//

Софиска општина денеска официјално го одбележува Денот на Софија – 17 септември.

Денот на маченичката Софија и нејзините три ќерки Вера, Надеж и Љубов, е објавен за ден на Софија пред 30 години. Во 1992 година, тогашниот совет на општина Софија одобрил одлука со која градоначалникот на Софија до Министерскиот совет доставил предлог за одлука за прогласување на 17 септември за Ден на Софија, што бил прифатен од Владата.

Според свечената програма за одбележувањето на денот, денеска ќе биде доделена титулата „Почесен граѓанин на Софија“ и плакетата „Почесен знак на општина Софија“.



По повод празникот на Софија, сите граѓани и гости на бугарскиот главен град, ќе можат бесплатно да ги посетат сите музеи на територијата на градот, други културни институции и Софиската зоолошка градина.

Претходна статија

Пендаровски на 1 октомври ќе се сретне со бугарскиот претседател Румен Радев

Следна статија

Во Бугарија се пријавиле 11 компании за изработка на проектот автопатот Ѓуешево-Дупница, дел од Коридор 8

Најново од Вести