(ВИДЕО) ФИЛИПЧЕ: МИЦКОСКИ И ЗАЕВ СЕ ВО САМОИЗОЛАЦИЈА ЗАРАДИ КОНТАКТ СО НОВИНАР ПОЗИТИВЕН НА КОВИД-19
Христијан Мицкоски и Зоран Заев се тестирани за Ковид-19 и во моментот се наоѓаат во самоизолација. Тестот на Мицкоски е негативен, а се чекаат резултатите од тестот на Зоран Заев, кој во моментот се наоѓа во Струмица, соопшти Венко Филипче на вонредна прес-конференција.
Причина за самоизолацијата на двајцата политички лидери е фактот што биле во контакт со новинар, кој е позитивен на Ковид-19. Во моментот состојбата на колегата е стабилна
