|

(Видео/Галерија) Историјата на еден бугарски род од Беломорска Македонија

Бугарскиот стопанственик Павел Борисов Македонски раскажува за неговиот род од селото Герман, Демир Хисар, Беломорска Македонија и поспецијално за неговиот дедо Павел Георгиев од познатиот род Чавкови.

Павел Георгиев (1890-1934) е учесник во Македоно-одринското ополчение за време на Балканските војни и Првата светска војна. Во селото Кнежа во Бугарија, денес град, учествува во создавањето на локалната организација на македонските Бугари таму.

Во емисијата Hyde Park на порталот Трибуна, Македонски разкажува од каде доаѓа неговата карактеристична фамилија и за проблемите кои ги имал неговиот татко Борис, за време на комунистичкиот режим во Бугарија, затоа што како ученик, мајка му го запишала во организацијата Бранник.

Борис Македонски станува познат учител по хемија, а неговиот син Павел тргнува по неговите стапки.

Повеќе за историјата на родот на Павел Македонски ќе дознаете во видеото што следи:



Слични Објави