(ВИДЕО) ГДУ: ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ И ДУИ НЕ СЕ РЕШЕНИЕ, ТИЕ СЕ ПРОБЛЕМОТ

//

Некои маршираат за правда после 3 години власт и обезбедено мнозинство од 80 пратеници за сѐ што е потребно?!
Другите пак велат семејство Заеви биле најбогатото политичко семејство, а првите возвраќаат со тоа дека нивната партија е најбогатата во Европа.
Јас би додал благодарение на вас дами и господа од двата табори, македонските граѓани се најсиромашните во Европа и тоа е вистината!

30 години вие од СДСМ, ВМРО-ДПМНЕ и вашиот веќе сојузник ДУИ, назначувате-именувате-избирате судии, обвинители, истражители, полицајци и инспектори и сѐ друго во државата. Ако тоа е така, а тоа е баш така, тогаш какво решение сте вие?!

Вие сте проблемот, вашите кадри се проблемот, канцерот на општеството кој со хируршки прецизен рез граѓаните треба да го отстранат, стои во соопштението на ГДУ.



Претходна статија

ТУРЦИЈА ГИ ОСЛОБОДИ СИТЕ 16 ОБВИНЕТИ ВО СУДЕЊЕТО ЗА ПРОТЕСТИТЕ ВО ИСТАНБУЛ ВО 2013

Следна статија

ВИДЕО: БАТЕ БОЈКО ВО ЕЛЕМЕНТ НА СЕДНИЦА НА ВЛАДА

Најново од Вести