|

(Видео) Голем грабеж во Филаделфија: стотина млади луѓе упаднаа во продавници и крадеа стока

Продавници во центарот на Филаделфија и други делови на градот биле ограбени вчера кога во нив упаднала толпа малолетни и млади луѓе, соопшти полицијата.

Во еден момент имало 100-ина луѓе во толпата што ечеше низ центарот на градот, изјави полицискиот комесар Џон Стенфорд, пренесува „Ен-би-си њуз“.

Грабежот се случи на денот на протестите поради отфрлањето на обвиненијата од страна на судијата против полицаецот што го уби Еди Иризари, но Стенфорд рече дека грабежите не се поврзани со протестите и дека разбојниците не биле демонстранти.

Just in: Apple and many stores in Philadelphia being looted. Philly is fallen! #Philadelphia #PA #looting pic.twitter.com/hnfpAJhvIp

— Stay Frosty (@brewdoggy) September 27, 2023

„Она што го имавме синоќа беше куп криминални опортунисти, кои ја искористија ситуацијата и се обидоа да го уништат нашиот град. Тоа нема да се толерира“, рече Стенфорд на прес-конференција.

На видеото снимено на местото на настанот, луѓе во дуксери со качулка на главата, некои со маски на лицата, се гледаат како упаѓаат во продавница на „Епл“ изнесувајќи стока. Ограбена е и блиската продавница „Фут Локер“, која продава спортска облека и обувки.

Протестот што истиот ден се одржа пред градското собрание во центарот на градот беше мирен и заврши во 20.30 часот по локално време, соопшти полицијата. На тоа му претходеше одлука на општинскиот суд, со која беа отфрлени сите обвиненија против полицаецот Марк Дијал, обвинет за незаконско убиство на 27-годишниот Иризари.

Набргу по тоа, имаше извештаи за голем број млади луѓе во центарот на градот, а околу осум часот полицијата почна да добива повици за упади во продавници и грабежи, рече Стенфорд.

Доцна синоќа беа уапсени меѓу 15 и 20 лица, а одземени се и две огнени оружја, додаде тој.

Слични Објави