| |

ВИДЕО: ГОЛЕМ ПОЖАР ВО МУМБАЈ, ЕВАКУИРАНИ ПОВЕЌЕ ОД ИЛЈАДА ЛИЦА

Повеќе од илјада лица се евакуирани дена од зграда во центарот на Мумбај, која била зафатена од голем пожар.

Според наводите на медиумите, меѓу евакуираните нема повредени, „Тајмс“ од Индија пренесува дека пожарот избил на осмиот кат од зградата„GST Bahavan“, а на местото на настанот пристигнале 16 противпожарни коли и девет цистерни.

На социјалните мрежи објавени се фотографии и снимки на кои се гледа како густ чад искача од десеткатницата.

Причината за пожарот не е утврдена.



Слични Објави