(ВИДЕО) ГОРИ СИБИР, СТОТИЦИ ИЛЈАДИ ХЕКТАРИ ПОД ОГАН!

/

Во последните 24 часа пожарите во руската област Иркутск вo Сибир, се проширија на дополнителни 7.300 хектари, со што вкупната опожарена површина зафати повеќе од 720.000 хектари.

Во гаснењето на пожарите се вклучени безмалку 3000 пожарникари и неколку противпожарни авиони. Руското министерство за вонредни состојби соопшти дека од димот се загрозени повеќе од 800 населби во регионот на Сибир.

Во меѓувреме, понуда за помош во гаснењето на пожарите до првиот човек на Руската федерација, упати претседателот на САД, Доналд Трамп.



Извор: АлсатМ

Претходна статија

ПОЧНУВА СУДЕЊЕТО ЗА СООБРАЌАЈКАТА КАЈ ЛАСКАРЦИ

Следна статија

НОВА СРЕДБА НА РАБОТНИТЕ ГРУПИ ЗА СУДБИНАТА НА СЈО

Најново од Вести