(Видео) Историја.бг: Самоил по Самоил
Во вчерашната епизода од емисијата „Историја.бг“ главна тема беше бугарскиот цар Самоил. Во емисијата со водител познатиот бугарски новинар и општественик Георги Ангелов, зедоа учество историчарите проф. д-р Георги Николов од Македонскиот научен институт, главен асистент д-р Марија Христова и докторантот Виктор Петров.
„Во текот на 45 години (969-1014) тој (Самоил бел. уред.) бил на чело на бугарската држава: 28 години како раководител на нејзините државно-административни работи и 17 како цар на бугарскиот народ и водел континуирана и тешка борба со византискиот император, за да ја брани и зачува независноста на својот народ со таква енергија што дури и неговите непријатели го окарактеризирале како „воинствен човек кој никогаш не знаел за одмор“ – Васил Златарски.