| |

Средба Радев-Заев: „Заедно сме во тагата“

Бугарија и Република Северна Македонија се заедно во тагата за жртвите од тешката сообраќајна несреќа на автопатот Струма, во која животот го загубија десетици македонски граѓани, а други беа повредени. Ова е заедничкиот став на бугарскиот претседател Румен Радев и на премиерот на Република Северна Македонија Зоран Заев, кои денеска се сретнаа во Софија.

Румен Радев му изрази сочувство на Зоран Заев за десетиците жртви во сообраќајната несреќа, а претседателот на Владата на Република Северна Македонија му изрази сочувство на шефот на бугарската држава за пожарот вчера во домот за стари лица во селото Ројак, во кој загинаа 9 лица.

На средбата било истакнато дека Бугарија презела навремена акција за расветлување на причините за сообраќајната несреќа на автопатот Струма, за идентификување на загинатите, за давање помош и лекување на настраданите. Надлежните органи се потготвени да ги обезбедат сите информации за случајот на нивните македонски колеги.

Слични Објави