(Видео) Јотова: Бесмртноста го има своето име- Васил Левски
„Нè собира денот на бесмртноста. Бесмртност на која историјата ѝ даде име – Васил Левски. Апостолот на слободата го сврте времето за да воскресне Бугарија. Бугарија како држава на слободата, еднаквоста и законитоста.“
Ова го изјави претседателката на Бугарија Илијана Јотова, јавува БГНЕС.
„Бугарската Преродба нè научи дека никој сам не може да направи пат. Тоа нè научи на сила и волја. Денес ни сугерираат дека секој е сам за себе, дека нашите национални добродетели се застарени. Ќе кажеме дека се многу цврсти темелите на бугарскиот национален дух. Бугарскиот народ ја има својата славна историја, која се пренесува од генерација на генерација. Примерот на Апостолот е пример за долг и чест. Тоа е пример што ни дава многу сила“, рече Јотова.
Таа го повика бугарскиот народ да биде единствен и да оди напред. „Треба малку повеќе да си веруваме, да имаме доверба. Тогаш ќе достигнеме врвови. Левски веруваше во креативната моќ на бугарскиот народ. Верувам и јас. Со таа сила можеме да постигнеме големи цели. Но треба да ја обновиме државноста. Поклон пред споменот на Ѓаконот. Да живее Бугарија!“, додаде таа.
Бугарија на 18 и 19 февруари одбележува 153 години от физичката смрт на Васил Левски.
Спомен-церемонијата по традиција се одржа пред споменикот на Апостолот во центарот на Софија, каде во студеното февруарско утро во 1873 г. тој бил обесен. Во текот на целиот вчерашен и денешен ден признателни Бугари положуваа цвеќе.
Националната гарда е построена пред споменикот на Левски. Меѓу официјалните гости присуствуваа претседателката на парламентот Раја Назарјан, бугарскиот патријарх Даниил, претседателката Илијана Јотова, техничкиот премиер Андреј Ѓуров, министерот за одбрана Атанас Запрјанов, високи воени лица, градоначалникот на Софија Васил Терзиев и други. Има многу граѓани кои дојдоа да му оддадат почит на организаторот на бугарското национално-ослободително движење.
Церемонијата започна со изведба на машкиот состав „Аноним“ – омиленото црковно песнопение на Ѓаконот „Достојно ест“. Беше изведена и друга негова омилена песна „Бугари јунаци“ од Добри Чинтулов.

