| |

(Видео) Колев: Бугарското општество ја има загубено довербата во РС Македонија

Бугарското општество ја има загубено довербата кон РС Македонија кога станува збор за потпишување договори. Тоа важи и за декларацијата од 1999 година и за Договорот за пријателство и добрососедство од 2017. Бугарија и бугарското општество сакаат резултати. Ова за БНТ го изјави Петар Колев, претседател на партијата Граѓанско демократска унија.

Тој ја упати критики кон неодамнешната тактика на РС Македонија, во која Скопје бара опции за решавање на „семејните проблеми“ преку притисок од надвор.

„Македонската политичка елита не може да му објасни на македонското општество одредени реалности од блиското минато. Луѓето кои беа вклучени во создавањето на овој проблем сега тешко го решаваат“, рече Колев.

Според него, македонските политичари мора да најдат решение за проблемот во рамките на „искрен и братски разговор со бугарските политичари“. Тоа може да се случи многу брзо, доколку има волја од македонска страна, додаде тој.

Петар Колев смета дека 24 мај може да биде „пример“ за промена на однесувањето и потрага по зближување.

„Ако имаме желба, можеме да најдеме решение за сите прашања. Зошто ја чекавме 2022 година? Се надевам дека утрешниот празник ќе биде достоен празник во двете земји и дека ќе почнеме со заеднички прослави“, рече претседателот на партијата Граѓанско демократска унија.



Слични Објави