(Видео) Кондов: Уставните промени во Северна Македонија зависат и од Белград
На прашањето на БГНЕС дали Бугарија ги предупредува своите сојузници за руско-српското влијание во Скопје и за опасностите за ЕУ доколку овој антиевропски проект биде примен во Унијата, заменик-министерот за надворешни работи на Бугарија Иван Кондов одговори:
„Генерално, ние се обидуваме, иако можеби подипломатски отколку што велите, да го привлечеме внимание на фактот дека на овој начин се внесува влијание кое најверојатно доаѓа од надвор од Европската унија и од други земји. Не сум зборувал директно за теоријата на македонизмот во Советот за надворешни работи, едноставно не можеш да кажеш толку многу за три минути, но се согласувам дека во одреден момент ќе треба да разговараме за тоа, можеби не на многу високо политичко ниво, но на некој начин да почнеме да го насочуваме вниманието, прво преку медиумите, потоа преку научни конференции, итн. Се согласувам дека треба да има некаква активност. Нашите партнери разбираат дека влијанието на Белград е повеќе од јасно. Тие го гледаат тоа влијание во Босна и Херцеговина и Црна Гора. Им станува сѐ појасна улогата на Белград на Западен Балкан“.

