(Видео) Костовски: На лидерска се оди со став, што одлучи Мицкоски: ЕУ или Левицата?
Пред нашата земја и целиот наш народ е исправена одлука со која имаме шанса да го продолжиме европскиот пат, да ја обезбедиме европската иднина на земјата. Скрининг-процесот успешно се спроведува и набргу ќе заврши, истакна на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.
Успеавме, вели тој, македонскиот јазик да го заштитиме и да го обезбедиме на ниво на јазиците на земјите членки на Унијата.
Оценува дека е време за глас за Европа во македонското Собрание за продолжување на европскиот пат и остварување уште една стратешка цел: членство во ЕУ!
„Со тоа и да ги затвориме сите идентитетски прашања еднаш засекогаш. Изборот пред секоја политичка партија е интеграција или изолација. Проевропски блок за европска иднина или антиевропски блок за изолација. Христијан Мицкоски, наместо со денови да молчи, треба да излезе пред јавноста и да каже што одлучил. Дали ќе се приклучи кон европскиот блок или ќе остане во заложништво на Левицата во антиевропскиот блок. На лидерска средба се оди со став“, додаде тој.
Пред Мицкоски, како што рече, е моментот на вистината.
Го повика да не врти околу, да не менува ставови во секоја изјава, да си ги среди ставовите и да каже што одлучил – ЕУ или Левицата?