|

(Видео) Костовски: ВМРО-ДПМНЕ и Мицкоски прават штета врз ликот и делото на Гоце Делчев

Да го кажам апелот од страна на СДСМ, од страна на извршната власт до секој Македонец, Албанец, Турчин, Ром, Влав, Србин и други, да бидеме доследни, да бидеме како и многупати до сега добри домаќини. Државата преку своите институции покажа дека функционира, институциите секогаш се на висина на својата задача, рече на денешната прес-конференција Мартин Костовски, пратеник на СДСМ.

„Страшно е она што го прават ВМРО-ДПМНЕ и Христијан Мицкоски во пресрет на чествувањето на денот на раѓањето на големиот Гоце Делчев. Едноставно, ликот и делото на Гоце Делчев не го заслужуваат ова. Мицкоски по којзнае кој пат како наследник на ликот и делото на Ванчо Михајлов, како лидер на партија што градеше споменик на Ќосето, како партија што ги воспеваше по нивните партиски настани Ванчо Михајлов и Тодор Александров, уште еднаш сака да зоврие тензии во пресрет на чествувањето на раѓањето на Гоце Делчев“, додаде Костовски.

Граѓаните, вели тој, се доволно свесни и повторно ќе ја покажат својата одговорност кон обидот на ваквите фрустрирачки обиди на Христијан Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ, пред сè, да направат нервоза, вознемирување кај Македонците и на некој начин да го попречат сè она што досега го имаме стекнато како партија во делот на евроинтегрирањето на државата.

Слични Објави