| | |

(Видео) Ковачев од говорницата на ЕП ја повика власта во Северна Македонија да ги истражи сите случаи на насилство и дискриминација врз Бугарите во земјата

Во Европската унија нема место за дискриминација.Ја повикувам власта во Република Северна Македонија да го надокнат изгубеното време и да ги исполнат прифатените обврски во Преговорната рамка. Ова го изјави бугарскиот европратеник од редовите на ЕНП д-р Андреј Ковачев во своето излагање како референт на неговата матична партија во Европскиот парламент за проширувањето на Европската Унија.

Ковачев исто така повика да се истражат сите случаи на насилство, притисок и дискриминација извршени врз граѓаните, кои јавно ја декларираат својата бугарска самосвест.

„За жал сличните такви случаи се случуваат се почесто. Во последните неколку дена, повторно станавме сведоци на инцидент со ругање со бугарскиот културен клуб во Битола. Во ноември (минатата година, бел.ред) еден познат новинар (Владимир Перев, бел. ред) беше нападнат во Скопје. Имаме случаи во кои Обвинителството, полицијата и Агенцијата за национална безбедност, редовно да вршат операции со цел заплашување на граѓаните од бугарската заедница, кои си дозволуваат отворено да се декларираат како такви (Бугари, бел.ред)“, вели бугарскиот европратеник.

Ковачев е дециден дека такви активности се недозволиви и им противречат на основните вредности врз кои е изградена Европската унија.

„Токму поради тоа е важно тие случаи да бидат објективно истражени, а на сторителите да им биде побарана одговорност“, вели Ковачев

Во крајот на своето излагање бугарскиот европратеник им посака успех на сите земји-кандидатки, нарекувајќи го „нивниот успех и наш успех“.

„Европската унија е нашето заедничко европско семејство, во кое има место за сите европски земји“, заврши Ковачев.

Слични Објави