(Видео) Ковачев во ЕП: Елитите во Србија и Северна Македонија, поддржани од Кремљ, продолжуваат со комунистичкото читање на историјата, што води до неединство и омраза!
Дезинформациите и фалсификувањето на историјата од страна на гласноговорниците на Кремљ беа предмет на дебата денеска во Европскиот парламент.Информативната војна на Кремљ за душите и срцата на Европејците е уште поопасна од крвавата агресија на Русија во Украина. Оваа војна ја загрозува нашата слобода и демократија! Ова на својот Facebook профил го напиша европратеникот од редовите на ГЕРБ/ЕНП д-р Андреј Ковачев.
„Преку образованието и предавањето на објективна историја, младите генерации мора да изградат силен имунолошки систем против дезинформации! Елитите во Србија и Северна Македонија, поддржани од Кремљ, продолжуваат со комунистичкото читање на историјата, што води до неединство и омраза! Симболите на комунизмот не можат да бидат на јавни места, туку мора да бидат во музеи и тематски паркови“, стои во објавата на Ковачев.
