| |

Бугарскиот претседател Румен Радев се сретна со лидерот на ВМРО-НП и поранешен премиер на РСМ Љубчо Георгиевски

Политичкиот дијалог меѓу Бугарија и Република Северна Македонија треба да се води на сите нивоа и може да постигне резултати кога ќе биде изграден на взаемно почитување и имплементација на европскиот консензус од 2022 година. Ова го истакна претседателот на Бугарија Румен Радев на средбата во претседателската институција со поранешниот премиер на Република Северна Македонија Љубчо Георгиевски, кој е и актуелен претседател на политичката партија ВМРО Народна партија. Средбата се одржа на иницијатива на Љубчо Георгиевски, јавува прес-службата на бугарскиот претседател.

Во разговорот, претседателот Радев изрази надеж дека државниот врв на РСМ ќе пристапи што поскоро до вклучување на Бугарите во Уставот на земјата, со што ќе се отвори и вратата за преговори за полноправно членство на Република Северна Македонија во Европската унија.

Шефот на државата изрази и очекување во самата РСМ да престане со јазикот на омразата кон Бугарија и Бугарите, а предводници во овој процес да бидат јавните медиуми и институциите во земјата. Љубчо Георгиевски, од своја страна, истакна дека е за многу поактивен дијалог во билатералните односи, го поддржува вклучувањето на Бугарите во Уставот на РСМ и гарантирањето на нивните права, што ќе ја отвори и европската перспектива на земјата и да се стимулира билатералната економска и информациона размена, туризмот и меѓусебните инвестиции во интерес на двете земји и на регионот.

Слични Објави