| |

ПАСИ: СО ВЕТОТО ГИ ТУРКАМЕ МАКЕДОНИЈА И АЛБАНИЈА ВО РАЦЕТЕ НА РУСИЈА ТУРЦИЈА И ИРАН

Одлагањето на почетокот на преговори за членство во ЕУ на Македонија и Албанија, не е во интерес на Бугарија, оцени поранешниот бугарски министер за надворешни работи Соломон Паси, потенцирајќи дека стартот на преговарачкиот процес со двете земји „се одложува по трет пат”.

„По ветото на францускиот претседател Макрон, неговиот колега Владимир Путин сигурно нарачал чаша шампањ. Кон кого ги туркаме Македонија и Албанија? Дали ги туркаме во рацете на Русија, Турција, Иран? Само сетете се што се направи претседателот Путин за да ја спречи Македонија на нејзиниот пат кон НАТО“, изјави Паси.

Како што јави БГНЕС, според поранешниот шеф на бугарската дипломатија, сега се прават сериозни напори Србија да остане во сферата на руско влијание.

Слични Објави