|

Кузеска: Козметички реконструкции не нѐ интересираат, Мицкоски ја води државата кон изолација додека кражбата продолжува

Козметички промени нас не не интересираат. Кој и да го стават, знаеме кој вистински води и каде оди. Мицкоски и неговата криминална група водат во изолација. Продолжува кражбата додека народот осиромашува, истакна Богданка Кузеска, портпаролка на СДСМ.

Неговата влада, додаде таа, е иста како и партијата, само фан-клуб на Мицкоски. Затоа, вели сеедно е дали тој седи и потпишува или некој друг.

„Други имиња, иста приказна. А кој работеше добро?
Мицкоски за себе и за својата банда – тоа сигурно работеше добро.
И оние партиски фирми на „татко“ кој не е татко, тендерите 161 за една, 51 за друга, 93 за трети, тендерите на Пошта за советникот од ЗНАМ. Тие работат добро – за себе“.

Останатото, оценува Кузеска, е само театар за јавноста.

 

Слични Објави