|

(Видео) Личната библиотека на големиот бугарски револуционер, писател и дипломат од Ресен Симеон Радев ја сочинувале 2500 книги на 8 јазици

Над 2500 книги напишани на 8 јазици! Толку голема била библиотеката на големиот бугарски револуционер, дипломат, писател и публицист од Ресен Симеон Радев.

Во неговата библиотека можат да се најдат дела потпишани од самите автори како например Димитар Талев, Михаил Арнаудов, Кирил Христов, Јана Јазова, Димитар Ризов и др.

Токму големиот бугарски поет Кирил Христов во една прилика ќе каже за Радев дека е единствениот Бугарин, што може да ја разбуди желбата на Бугаринот да чита.

Симеон Радев на заедничка фотографија со Ѓорче Петров, Тодор Александров и Андреј Љапчев

Потсетуваме дека Симеон Радев освен голем бугарски дипломат и автор на едно од најголемите историографски дела „Строители на современа Бугарија“, бил припадник и на ВМОРО заколнат лично од Гоце Делчев.

Слични Објави