(ВИДЕО) ЛИДЕ ЛИДЕ НАПРАВИ И ЕМИСИЈА НА YOUTUBE ЗА ДА ГО НАТЕРА ВЕНКО ДА ИСПИЕ КАФЕ СО НЕА…

„Еве ја и првата епизода од емисијата „На кафе со Лиде“!
Во неа првото кафе со Лиде го испи Кристијан Станковски-Bombakis. Го знаете бе, оној згоден дечко со интересните картони!

Оваа епизода немаше да стане реалност без непроценливата помош на Александар Ристовски-Принц кој се погрижи за монтажата, шпицата и музиката.Ти благодарам Принц, ти не си Принц, ти си император човече!!!

Им благодарам и на прекрасните луѓе од кафе-бар „Карма“ во ТЦ Бисер, кои нѐ угостија за првата емисија. Дечки, боље кафе не сум пиела! Со Венко, кафето ќе го пијам кај вас!!!
Вака сеа да не ја тупам ќе си кажам директно!!!
Ни треба сталак за камерата, (ни треба и поасолна камера), ни требаат бубицииии под итнооо!“, стои во објавата под првата епизода од емисијата на Youtube „На кафе со Лиде“.



Слични Објави