|

(Видео) Манијакот пуштен на слобода, доби условна осуда и ќе биде под надзор

Условна казна доби манијакот чија мета беа четири девојчиња жртви. Ваква одлука донесе судијката Љубинка Башевска. Таа посочи дека на Сонер Арслан има потреба од лекарска помош. Го задолжи да добие поддршка и од стручни лица, но и го предупреди ако направи исто или слично дело, ќе заврши во затвор. Судијката Башевска ја изрече пресудата на првото рочиште, на кое обвинетиот призна вина.

„Многу размислував за сите настани и околности. Со оглед на тоа што во законот за секое дело поединечно е предвидена казна затвор или казна до една година, ги имав во превид возраста, семејната материјална состојба, извинувањето, каењето, сметам дека на човекот му треба помош пред се лекарска. За секое од кривичните дела му одредуваме од по пет месеци затвор. И вкупната е условна осуда со заштитен надзор. Тоа значи дека му утврдуваме казна затвор, која нема да се исполни ако во рок од 5 години не стори ново кривично дело. Ова му е последна шанса и последен момент“, кажа судијката Башовска.

Таа додаде дека врз него надзор ќе вршат служби од Кривичен суд, како и тоа дали презема мерки за лекување.

„Ако го повторите делото или направите слично дело, ќе ја отповикаме усновната осуда и ќе одите во затвор“, посочи судијката.

Судијката ја укина мерката куќен притвор.



Слични Објави