(ВИДЕО) МИЦКОСКИ ВЕЛИ ДЕКА ЗАЕВ ЈА ФАЛЕЛ ЈАНЕВА, НО НЕ СПОМНУВА ДЕКА ИСТОТО ГО ПРАВЕШЕ И ГРУЕВСКИ

//

„Зоран Заев велеше дека Катица Јанева е добар човек со капацитет, дека не се откажува од неа и дека тоа е неговата црвена линија. Но денес, прашањето е дали сеуште верува во капацитетите на Јанева и дали можеби е тоа причината зошто не проаѓа законот за обвинителство, та нели Катица треба да биде дел од Републичкото Обвинителство? Сите знаат дека силата на тој октопод кој изнудувал пари не се ниту прво, ниту второ осомничениот, туку власта преку слугите во обвинителството и судството ги легитимирала како нивна силна рака. Залудни се обидите за дефокусирање. Овој криминал на Заевци, надојден Вардар не го пере. Ако ваков криминал е блескањето со кое се фалат, тогаш премногу е“- стои во долгиот статус што го објави претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски, поврзан со видео и аудио снимките за аферата „Рекет“, што ги објави италијанскиот весник Ла Верита.

Мицкоски во својот статус „заборава“ да напише дека и почесниот претседател на неговата партија исто така го фалеше професионализмот на Катица Јанева.





Претходна статија

ШТИПЈАНЕЦ НАСТРАДАЛ ОД ПОЖАРОТ ВО НЕГОВАТА ВИКЕНДИЦА

Следна статија

ЈАПОНИЈА ОДБЕЛЕЖУВА 74 ГОДИНИ ОД НАПАДИТЕ НА ХИРОШИМА И НАГАСАКИ

Најново од Вести