|

(Видео) Милошоски не знае дали ја добил платата со 78 отсто покачување: Ќе проверам и ќе ви кажам

Пратеникот Антонијо Милошоски не знае дали веќе му стигнала на сметката априлската плата повисока за 78 %. На денешната прес-конференција првин избегна да одговори и зборуваше дека ќе го поддржи законот на опозицијата за системско решение за платите на функциониерите, а кога вторпат беше прашан дали ја добил покачената плата, најави дека допрва ќе извести.

„Ќе проверам и ќе ви кажам“, кусо рече пратеникот Милошоски.

Тој уште еднаш на денешната прес-конференција детаљно објасни дека власта може да смета на нивна поддршка доколку предложи намалување на коефициентите за пресметка на платите со најавеното системско решение.

„Ќе ѝ дадеме можност на власта. Она што го најавуваат како системски закон апелираме што побргу да стигне во Собранието и опозицијата ќе даде поддршка. Ние имаме политичка волја системското решение, кое би се однесувало на намалување на коефициентите, да го поддржиме“, рече пратеникот Милошоски.

Објасни дека тие како опозиција нема да иницираат измени во Собранието оти сите нивни предлози се отфрлаат, а потсети и дека уште пред платите на функционерите да се покачат тие поднеле предлог-закон за укинување 40 заменик-директорски места, кои си ги изгласале СДСМ и ДУИ, а биле непотребни, но предлогот не стигнал ниту на дневен ред.
Видеото погледнете го ТУКА



Слични Објави