|

(Видео) Митева: Нов криминал тежок над 2 милиона евра на ДУИ и СДС за косење трева и дрвја на патен појас

На милионите испумпани пари од буџетот на државата за успешно да владеат криминалот и корупцијата на ДУИ и СДС им нема крај! Директорот на ЈП „Државни патишта“ од ДУИ, Ејуп Рустеми, склучил договор за тендер со фирма од Кичево за косење трева, кастрење гранки и сечење дрвја во патен појас, и тоа во вредност од над 2 милиона евра“, обвини денеска портпаролката на ВМРО-ДПМНЕ, Марија Митева.

Таа го презентира договорот за кој рече дека основна цел е „косење трева, плевел, грмушки, кастрење гранки и сечење дрвја во патен појас, чистење и собирање смет во времетраење од 2 годинижза потребите на ЈП ‘Државни патишта’“.

Во согласност со техничката спецификација договорот е 2 милиона и 400 илјади евра.

„Додека од еден министер за образование, кој исто така е од редовите на ДУИ, слушаме дека власта нема пари да обезбеди учебници, друг директор исто од редовите на ДУИ има пари и троши над 2 милиона евра за косење трева и сечење дрвја на патен појас. Како власта на ДУИ и СДС, која нема никакви резултати во патната инфраструктура, ниту еден километар нов автопат, одлучува дека баш сега е најповолно време за уредување на патниот појас? На ова прашање, почитувани, одговорот е веќе јасен – очигледно е дека ДУИ и СДС ќе најдат начин за криминал и во најситните и можеби неприоритетни дејности во моментот само за задоволување на своите бизнис-интереси“, прашува Митева.



Слични Објави