|

Утре, во Битола протест за смртта на малата Јана, се бара одговорност

Во Битола се организира протест за смртта на шестгодишната Јана. Протестот ќе се одржи утревечер во 19 часот на плоштадот Магнолија во Битола со мото „Сите сме Јана“ и „Правда за Јана“.

Целта е да се укаже на состојбите во македонското здравство, а повикот за протест е објавен на „Фејсбук“.

„Низ времињата наназад сум водел многу заеднички битки со вас драги браќа и сестри битолчани, НО ова ми е најтешка, најемотивна и неописливо жална и болна….

Битката за барање #ПравдаЗаЈана, која однапред знаеме дека институционално ја губиме, не претставува битка на која треба да застанеме и да го кажеме добро познатото тридецениско „ТОА Е“.

Туку да се ОБЕДИНИМЕ, да се видиме сите. Среда, 29 март, на плоштадот Магнолија во 19 часот, да кажеме ЗАЕДНО СМЕ ПОСИЛНИ, дека нашиот кренат глас е наше ПРАВО, тоа е наша појдовна точка од која треба ЈАСНО И ГЛАСНО да кажеме ДОСТА Е!

ДОСТА Е од прерано заминатите чеда!

ДОСТА Е од негрижата!

ДОСТА Е од нефункционалноста на медицински апарати!

ДОСТА Е од редиците и безредието!

ДОСТА Е од третманот – МОЈ ЧОВЕК!

ДОСТА Е од плати, па ДОБИЈ!

ДОСТА Е од нестручноста!

ДОСТА Е од меѓусебните нарушени меѓучовечки односи и неколегијалноста!

ДОСТА Е од партизацијата!

ДОСТА Е од лошите услови!

ДОСТА Е од нехигиената!

ДОСТА Е од силеџискиот и немил однос кон пациентите!

ДОСТА Е од префрлање на вината кон пациентите!

СО ЕДНА РЕЧЕНИЦА КАЖАНО:

ДОСТА Е ОД КОМПЛЕТНА НЕФУНКЦИОНАЛНОСТ НА ЗДРАСТВЕНИОТ СИСТЕМ!!!

БАРАМЕ:

1. ПРАВДА ЗА ЈАНА – ВЕДНАШ!

2. ОСТАВКИ – ВЕДНАШ!

3. РЕФОРМИ – ВЕДНАШ!

Јана почина минатата недела на детското одделение во битолската болница.

Државниот санитарен и здравствен инспекторат изврши вонреден инспекциски надзор во ЈЗУ Клиничка болница „Д-р Трифун Пановски“ – Битола, при што здравствените инспектори не утврдиле пропусти во лекувањето на Јана, како што соопшти ДСЗИ.

Направен бил и увид во медицинската евиденција, а земени се изјави и од здравствените работници што го третирале детето. Семејството Христовски не е задоволно од извештајот на ДСЗИ.

Се чекаат резултатите од обдукцијата за да се утврди причината за смртта.



Слични Објави