МАКЕДОНСКИТЕ ГРАЃАНИ ОД ДЕНЕСКА МОЖАТ ДА ПАТУВААТ ВО БУГАРИЈА СО НЕГАТИВЕН ТЕСТ

/

Македонските државјани од денеска можат да влезат во Бугарија за туристички цели со негативен ПЦР тест направен во последните 72 часа.

Бугарските власти овозможија влез и за граѓаните на Србија, Албанија, Косово, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Украина, Молдавија, Израел и Кувајт со негативен тест за коронавирус.

За граѓаните на Украина, условот за поднесување на негативен тест ќе важи од 30 јули.



ПЦР тест не е потребен за лица кои пристигнуваат во Бугарија од земји членки на ЕУ, Велика Британија  и Северна Ирска, земји од Шенген, како и од Алжир, Австралија, Канада, Џорџија, Јапонија, Мароко, Нов Зеланд, Руанда, Република Кореја, Тајланд, Тунис, Источна Република Уругвај. Тие не подлежат ниту на 14-дневен карантин.

Извор: Макфакс

Претходна статија

КИМ ЏОНГ-УН: СЕГА КОГА ИМАМЕ НУКЛЕАРНО ОРУЖЈЕ, НЕМА ДА ИМА ПОВЕЌЕ ВОЈНИ

Следна статија

НОВИ ЧЕТВОРИЦА КАВАДАРЧАНИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИК

Најново од Вести