НОВИ ЧЕТВОРИЦА КАВАДАРЧАНИ ПОЗИТИВНИ НА КОВИД-19, МЕЃУ НИВ И МАЛОЛЕТНИК

Четири нови случаи на коронавирус се регистрирани во Кавадарци. Информацијата за Тазе ја потврди доктор Ристе Јовановски специјалист епидемиолог при Центар за јавно здравје Кавадарци.

-Станува збор за лица на возраст од 16 до 31 година. Две машки, две женски лица. За две лица се знае дека имале контакт со претходно заболени од Ковид-19, а за другите две не се знае како се заразиле. Сите се со лесна клиничка слика на домашно лекување – појасни Јовановски за Тазе.

Се работи на утврдување на нивните контакти со цел нивна изолација.