ВИДЕО: МЛАДА МАЈКА ЦРТА И ПРОДАВА УМЕТНИЧКИ СЛИКИ ЗА ДА МОЖЕ ДА СЕ ГРИЖИ ЗА СВОЕТО ДЕТЕ

Млада мајка води тешка борба за остане жива за да се грижи за своето мало дете. Василка Христозова од Бугарија има тумор на ‘рбетниот мозок, а после една од операциите за негово отстранување останува во инвалидска количка.

Василка не се предава и почнува да бара решение за својот проблем. Таа пронашла уред преку кој повторно ќе може да се исправи на нозе, но за да го купи ѝ се потребни 15 илјади евра.

Младата мајка смета најмногу на самата себе во собирањето на овие средства. Таа црта и ги продава своите дела.

„Не можам да фатам молив или нешто слично. Мајка ми, ми ја става четката за цртање меѓу прстите, буквално како копие. Моите дела не се потпишани, бидејќи не можам да напишам дури една буквичка, која да е мала и да не зафати простор колку пола цртеж“- вели Василка.

Погледнете повеќе за оваа инспиративна историја во видеото што следи: