|

(Видео) Моќна ерупција на Етна: Туристите панично бегаат

Вулканот Етна на Сицилија, највисокиот активен вулкан во Европа, повторно еруптираше, предизвикувајќи паника кај туристите кои бегаа за да си го спасат животот.

Италијанскиот национален институт за геофизика и вулканологија соопшти:

„Во последните неколку часа, активноста забележана во претходниот извештај издаден во 4:14 часот наутро продолжи со експлозии со зголемен интензитет, кои во моментов се многу силни и речиси континуирани“.

Според податоците од веб-страницата VolcanoDiscovery.com, сеизмичка активност во форма на вулкански тремор е забележана пред ерупцијата, пишува Mirror.

Треморот започнал синоќа околу 22 часот и го достигнал својот врв околу 1 часот по полноќ. Епицентарот се наоѓал на висина од околу 2,8 километри под кратерот.

Засега нема извештаи за повредени, но властите внимателно ја следат ситуацијата и издаваат предупредувања поради можна понатамошна ескалација на вулканската активност.



Слични Објави