(Видео) Му се суди на Жан Митрев, тој во судница опкружен со четворица адвокати
Опкружен со четворица адвокати во тоги, доктор Жан Митрев седна на обвинителна клупа. Ова е четврти обид да почне судењето против него откако претходно судењата се одложуваа поради недоставени докази. Пред судот има поддршка, но овој пат нема аплаузи. Покрај денешното рочиште, судот закажа термини и за четврток и петок.
Жан Митрев и неговата клиника се товарат за измама оти ги држеле во заблуда пациентите со прикривање факти во однос на лекувањето од Ковид-19 со хемофилтрации.
Истрагата за Жан Митрев и неговата болница беше отворена по допрен глас откога Истражувачката репортерска лабораторија (ИРЛ) го објави истражувањето „Нечиста крв“ за пациентите од болницата, а скопското Јавно обвинителство во јануари годинава поднесе обвинение.
Видеото погледнете го ТУКА