(ВИДЕО) МВР: ВО АТАРОТ НА СЕЛОТО БЛАЦЕ Е ПРОНАЈДЕНО ЗАКОПАНО ОРУЖЈЕ ОД 2001 Г.

Во атарот на с.Блаце, во близина на границата со Косово е пронајдено закопано разновидно оружје и муниција кои потекнуваат од 2001 година, полициски службеници од Одделот за криминалистичка полиција, Одделот за сузбивање на организиран и сериозен криминал и СВР Скопје пронашле две зољи, еден РПГ7, три гранати за РПГ7, нишанска справа, две барутни полнења за РПГ7, девет парчиња муниција 7,62×54 R и два реденика кои биле закопани во земја. Се преземаат мерки за расчистување на случајот, јавуваат од МВР.

loading...

loading...