ЗАЕВ: ПОДГОТВЕНИ СМЕ ДА ГИ ОБЈАВИМЕ ЗАПИСНИЦИТЕ ЗА ЦАР САМОИЛ, СВ КИРИЛ И МЕТОДИЈ, СВ КЛИМЕНТ И СВ НАУМ
„Владата на седница во јуни/јули 2019 година ги има усвоено записниците, односно извештаите со препораките за заеничкото чествување на пет историски личности и три историски периоди. Нивното објавување зависи од заедмното договарање помеѓу двете страни, македонската и бугарската, така е согласно, Договорот. Ако бугарската страна потврди и ние сме подготвени уште веднаш. Се работи за цар Самоил, за св. Кирил и Методиј, за св. Наум и св. Климент Охридски веднаш сме подсготвени да ги објавиме“, изјави премиерот Зоран Заев во одговор на новинарско прашање по денешното отворање на спортска сала во село Стајковци.