(Видео) Нешков: Бугарија нема никаква вина за моменталната положба на РС Македонија
„Јас навистина искрено жалам за положбата во која се најде нашиот западен сосед, поради тоа што тие загубија 20 години во спорот со Грција. Пред 15 години таа имаше можност да го реши тоа прашање во корист името на државата да биде само за меѓународна употреба а не да се менува внатре во земјата. Тие стигнаа до тотална промена на името, загубија 20 години. Во моментот губат 4 години, бидејќи не сакаат да имаме нормални меѓусебни односи и нормална комуникација“, изјави Љубчо Нешков, новинар и сопственик на агенцијата БГНЕС, во утринската програма на бугарската телевизија BGOnAir.
Тема на разговорот со Нешков беше најавениот нов пристап на премиерот Кирил Петков кон РС Македонија.
Нешков коментира дека веќе се работи на планот 5+1 и секаква промена во истиот ќе значи дека Бугарија се откажува од барањата целосното име на РС Македонија да важи само за територијата на земјата, да запрат малцинските претензии од македонска страна, да прекине говорот на омраза и да се заштитат правата на Бугарите во РС Македонија.
Во однос на најавите за работни групи во сферата на инфраструктурата, економијата, културата и други, најавени од новиот бугарски премиер, Нешков изјави дека проблемот со поврзувањето меѓу Скопје и Софија не се појавил пред неколку месеци и години туку е проблем стар 140 години.
„Знаете ли како изгледа границата од две години на граничниот премин Деве баир? Патот е изоран и не убедуваат дека го градат патот“, вели Нешков.
Сопственикот на БГНЕС ја коментираше и изјавата на амбасадорот на Словенија во РС Македонија кој директно истакна дека РС Македонија треба да испрати свој амбасадор во Р. Бугарија ако сака дијалогот меѓу двете земји да продолжи. Нешков потсети дека амбасадорот на Словенија во РС Македонија кажа дека промената на учебниците по историја во земјата не треба да биде табу тема.
„Нема политичка волја. Имаат време да одат низ светот и да плаќаат кампањи против Бугарија, но немаат време и можност да испратат амбасадор во Софија. Како си го објаснувам тоа , нема потреба од голема анализа. Две години немаат амбасадор значи немаат политичка волја за искрен и отворен дијалог“, вели Нешков.
Нешков ги коментираше изјавите на Бујар Османи дека заради политиката на Бугарија има опасност од дестабилизација на РС Македонија.
„Тие не земаат мерки за сопствената безбедност и инфраструктура а Бугарија е виновна. За што е виновна Бугарија?“, прашува Нешков.
Целиот разговор погледнете го во видеото што следи:

