ПРЕД НЕКОЛКУ ГОДИНИ УНГАРСКИТЕ ЦАРИНИЦИ НАЈДОА ЕВРА ВО ШИШЕ А СЕГА ЦИГАРИ ВО ТЕТРАПАК СОКОВИ

Сѐ уште се свежи сеќавањата на скандалот со обидот за шверцување на 700.000 евра напикани во шише на унгарската граница. Покрај сериозноста на скандалот кој тогаш ја потресе Македонија, јавноста се забавуваше и со дилемата како може толку пари да се сместат во едно пластично шише, јавува Плус Инфо.

Пред околу два месеца, унгарската царина објави уште едно видео за пресретнат шверц од Македонија, од кое се гледа дека досетливоста на македонските шверцери нема граници. Овој пат станува збор за шверц на цигари во картонски пакувања со логото на соковите „Јафа“. Погледнете го внимателно ова видео, видете како стручно се спакувани цигарите, а ќе забележите дека некои од тетрапак опаковките се наполнети со песок, веројатно со цел превозното средство да ја има потребната тежина.

Целиот напис прочитајте го овде.