ПРЕД 28 ГОДИНИ БУГАРИЈА ПРВА ЈА ПРИЗНА НЕЗАВИСНОСТА НА РЕПУБЛИКА МАКЕДОНИЈА

На 15 јануари 1992 г. само неколку месеци по 8 септември 1991 г, Бугарија стана првата земја во светот што ја призна независноста на Република Македонија.

Официјалното признавање на нашата држава од страна на Бугарија се случи по гласање на декларација од Народното собрание на нашиот источен сосед. Со посредништвото на тогашниот бугарски претседател Жељу Желев, Македонија беше призната за независна држава и од страна на Руската федерација.

Турција ја признава Македонија веднаш по Бугарија.

„За време на една средба со тогашниот турски премиер Сулејман Демирел му реков дека Турција треба да ја признае независноста на Македонија, бидејќи тоа е од огромно значење за стабилизацијата на Балканот. Таа лесно може да стане жртва на внатрешни проблеми или окупација. Демирел ми рече: Ќе признаеме Македонија за една седмица. Така и се случи“, раскажува покојниот д-р Желев.