(Видео) Нешков: Зближувањето меѓу Бугарија и РС Македонија е неизбежно, но не со оваа немакедонска елита во Скопје

///

„Бугарија и Северна Македонија ќе имаат добрососедски односи. Зближувањето е неизбежно. Но, не со оваа немакедонска политичка елита во соседна Македонија. Затоа што служењето на туѓи интереси, не е најдоброто нешто што може да го направи еден политичар“. Ова во студиото на утринската програма на Нова телевизија го изјави новинарот Љубчо Нешков, сопственик на бугарската информативна агенција БГНЕС.

„Во зборовите на претседателот Пендаровски има најмалку пет лаги. Прво – ако Иван Михаилов е хитлерист и фашист – зошто има негова восочна фигура во музеј во Штип. Второ, каков е овој хитлерист што не стапнал за време на војната во Македонија. Но, најскандалозно е што си дозволува да коментира за составот на бугарската делегација. Ова е нешто неприфатливо не само по протокол. Тоа не е воспитано“, вели Нешков како коментар на зборовите на македонскиот претседател Стево Пендаровски дека Центарот за култура „Иван Михаилов“ во Битола, на чие официјално отворање присуствуваа и потпретседателката Илијана Јотова и премиерот Кирил Петков, бил именуван на еден хитлерист и фашист.

Што уште кажа Нешков погледнете во видеото што следи:





Претходна статија

Кој сè уште се плаши од Ванчо Михајлов?

Следна статија

(Видео)Даути: За жал Македонија не стана Швајцарија на Балканот, туку едно чудовиште, од кое дејците на ВМРО би се срамеле

Најново од Вести