|

Николовски: Додека регионот оди напред, добиваат милијарди од ЕУ, РС Македонија останува заглавена во место

Пратеникот на СДСМ Љупчо Николовски на денешната собраниска седница, за пратенички прашања од опозицијата, опстави две пратенички прашања, едно до вицепремиерот и министерот за европски прашања Беким Сали, и едно до министерот за животна средина и просторно планирање, Муамет Хоџа.

Бидејќи двајцата министри беа отсутни, Николовски писмен одговор. Во прашањата, Николовски побара одговори од Владата за застојот на евроинтеграциите и за блокирањето на капитални инфраструктурни проекти во Крива Паланка.

Тој побара вицепремиерот и министер за европски прашања да го соопшти планот на Владата за деблокада на европскиот пат на државата, предупредувајќи дека РС Македонија ја губи историската можност за членство во ЕУ, додека земјите од регионот напредуваат и обезбедуваат милијарди евра европски средства.

Во второто прашање, Николовски побара објаснување од министерот за животна средина зошто две години се блокирани проекти вредни еден милион евра за водоводна и канализациона инфраструктура во Крива Паланка, иако средствата се веќе обезбедени преку заем од Светска банка.

 



Слични Објави