(Видео) Пендаровски со највисоки државни и воени почести пречекан во Црна Гора

/

Претседателот Стево Пендаровски, денеска, во Подгорица, со највисоки државни и воени почести беше пречекан од претседателот на Црна Гора, Мило Ѓукановиќ, со што почна неговата дводневна официјална посета на Црна Гора.

По тет-а-тет средбата на Пендаровски со Ѓукановиќ, делегациите на Северна Македонија и Црна Гора одржаа пленарен состанок, на кој беа потврдени одличните традиционални партнерски и пријателски односи, како и плодниот политички дијалог меѓу двете држави.

Во контекст на регионалната соработка се разгледаа и прашањата од значење за европската иднина на двете држави, како и геополитичките случувања во поширокото соседство и влијанието од руската воена инвазија врз Украина.

Пендаровски денеска ќе оствари средби и со Здравко Кривокапиќ, претседател на владата на Црна Гора, и со Дритан Абазовиќ, потпретседател на владата и мандатар за состав на нова влада на Црна Гора.



В среда, 13 април 2022 година, во Бар ќе се одржи свечена церемонија, на која претседателот Пендаровски ќе му ја предаде на црногорскиот претседател Ѓукановиќ спомен-плочата на Владимир и Косара во знак на силното пријателство и културно-историската врска меѓу Северна Македонија и Црна Гора.

Претходна статија

Зеленски потпиша демобилизација

Следна статија

Владата: Со антикризните мерки поевтини цени на горивата

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да