(ВИДЕО) ПЕТАР КОЛЕВ ОТКРИ СОМНИТЕЛЕН ТЕНДЕР ВО ШТИП, ВО КОЈ СЕ ЗАМЕШАНИ ЈАВНО ПРЕТПРИЈАТИЕ И ФИРМИ БЛИСКИ ДО ВМРО-ДПМНЕ
Во Штип се реализира сомнителна јавна набавка во која се замешани ЈП Стипион, фирма на буквата П и фирми блиски до ВМРО-ДПМНЕ, соопшти претседателот на Граѓанско Демократска Унија Петар Колев, во емисијата „Анализи и коментари“ на штипската телевизија ТВ Стар.
Колев го повика градоначалникот Бочварски да преземе мерки, и ги праша советниците од ВМРО-ДПМНЕ, зошто за две години немаат никаква реакција за нитуедна јавна набавка во Штип и дали тие и блиски фирми до нив имаат директен интерес од начинот по кој што се распределуваат јавните набавки во општината.