(Видео) Петков: Немам прифатено никакви еднолични обврски во однос на ветото за РС Македонија

//

“Многу јасно треба да се каже дека јас како премиер не прифаќам никакви обврски еднолично. Ако нешто ќе се случува по таа тема, прво треба да биде на базата на Министерството за надворешни работи, треба да биде информирана Владата, да свикаме коалиционен совет и да се донесе одлука, да влезе во парламентот, таму да се донесе одлука и дури тогаш можат да се прифатат обврски“, изјави денеска бугарскиот премиер Кирил Петков, како одговор на новинарско прашање дали преземал обврска ветото за РС Македонија да биде кренато до крајот на француското претседателство во јуни годинава.

Петков подвлече дека процедурата по тоа прашање е многу јасна и дека тврдењата дека тој преземал обврска во однос на евроинтеграцијата на РС Македонија се лажна вест.

„Процедурата е многу јасна. Многу пати сум сакал јасно да го кажам тоа, бидејќи тоа е другата лажна вест дека премиерот имал некакви еднолични договорања. Не! Процесот е јасен- МНР, коалиционен совет, влада, парламент- позиција. Тоа се чекорите што ќе ги следиме“, изјави Петков



Претходна статија

Мајмунски сипаници потврдени во Европа, САД, Канада и Австралија

Следна статија

(Видео) Радев: Бугарската позиција во однос на РС Македонија наидува на сè поголемо разбирање кај нашите партнери

Најново од Вести

Ковачев: На местото на спомениците на окупаторската Црвена армија во Софија и во Пловдив да се постават споменици на Левски, Ботев, Гоце Делчев, Тодор Александров и Ванчо Михајлов

Бугарскиот европратеник од редовите на ГЕРБ-СДС Андреј Ковачев, даде интересна идеја за тоа што треба да