|

(Видео) По 35 години отворена е границата Турција – Ерменија

Границата меѓу Турција и Ерменија беше отворена денеска по 35 години за да се испрати помош во зоната на земјотресот, а пет камиони со помош од Ерменија ја минаа границата преку граничниот премин „Аликан“ во провинцијата Игдир, во источна Турција.

Заменик-министерот за надворешни работи на Ерменија, Вахан Костанјан, објави видео на Твитер на кое се гледа како камиони со хуманитарна помош го минуваат мостот Маргара на границата со Турција, јавува Anadolu Agency.

Специјалниот претставник на Турција за разговори за нормализација на односите со Ерменија, Сердар Килиџ, на Твитер и се заблагодари на Ерменија за помошта.



Слични Објави